Кога првпат го зготвивме ова јадење дома тоа веднаш стана едно од омилените семејни јадења и сигурни сме дека и Вие ќе го засакате. Комбинираме неколку класични вкусови, а подготовката е многу едноставна. Потребни се само 10 до 15 минути за подготовка на ова јадење.

Преземи го рецептот во PDF

Состојки

  • 2 пилешки гради
  • 50 грама пармезан
  • 75 грама чијабата презла
  • една рака Чери домати
  • 250 милилитри доматно пире
  • сол и бибер
  • маслиново масло

Подготовка

Чекор 1: ВРЕМЕ Е ЗА СЕЧКАЊЕ: Земете ги пилешките гради и исечете ги на парчиња со широчина од приближно два ипол сантиметри.

Чекор 2: ВРЕМЕ Е ЗА ПРЖЕЊЕ: Загрејте ја тавата на висока температура и потоа зачинете го пилешкото со сол, бибер и маслиново масло.
Ставете го пилешкото во тавата и во неа расфрлете неколку Чери домати.
Превртувајте го пилешкото додека добие убава боја на сите страни. Пилешкото треба да впие вкус и да добие боја, но не треба до крај да се зготви бидејќи подготовката на јадењето ќе ја довршиме подоцна во рерната.

Чекор 3: Следно, ќе ја подготвиме тавата за во рерна. Земете ја Делимано тавата за печење и нанесете го доматното пире на дното.
Наредете го пилешкото на средината од тавата и потоа ставете ги и Чери доматите.
Иѕвалкајте го пилешкото во презла. Користиме чијабата презла која намерно ја оставивме да се збајати и потоа ја иситнивме во блендер.
Следно, изрендајте убава количина пармезан одозгора.
Зачинете со сол и бибер пред да ја ставите тавата во рерна.

Чекор 4: Ставете ја тавата во рерна загреана на 150 степени и печете од 20 до 25 минути.
Проверете го пилешкото по 20 минути, за да видите дали добило боја од горната страна.
Извадете го кога ќе биде готово.
Чекор 5: Време е за сервирање: Прво ставете го пилешкото во чинија. Потоа ставете Чери домати од двете страни и на крајот ставете го преостанатиот сос.

СОВЕТ: Ова е навистина лесно и вкусно јадење кое можете набрзина да го зготвите на крајот од напорниот ден, за да го усреќите гладното семејство. Пилешко, пармезан и слатки Чери домати – што може да не успее?

Користени Делимано садови за подготовка на овој рецепт: Грил тава ; Ростер