Фичо ќе подготви неколку рецепти за мезе додека гледаме фудбал. Овој пат ќе ни покаже како да направиме домашни пилешки прсти!

Подготовка

Чекор 1: Исечете го месото на тенки долги ленти, како што тоа го прави Фичо во видеото. Зачинете ги со сол и бибер.

Чекор 2: Во еден сад измешајте го брашното со чили во прав. Во друг сад изматете ги јајцата, а во трет ставете ги лебните трошки и сусамот. Секое парче месо валкајте го во брашно, па во јајцата, па во мешавината од сусам и лебни трошки. Пржете ги во малку повеќе масло.

Чекор 3: Пржените пилешки прсти најпрво ставајте ги на салфетка да се упие вишокот маснотија.

Измешајте го сенфот со медот и 1 лажица вода, и посолете по вкус.

Чекор 4: Сервирајте ги како мезе, заедно со сосот.

СОВЕТ: Во брашното покрај чили, може да ставите други зачини по желба, како оригано, мајчина душичка или буковец.