Потпечена боранија со свинско месо
Прво се пржи кромидот со лукчето. Потоа се додава месото сецкано на коцки и убаво се пржи. Боранијата прво се мие и се сецка на ситни парчиња, исто и со бамјите. Морковот е сецкан на кругови и се додава на месото, малку се динста.
Додадете ја боранијата и бамјите и динстајте уште малку. Сега додадете ги сецканите компири и на крај доматите лупени и сецкани. Ставете ги зачините по желба малку вода околу 200 мл.и оставете 15 мин .да се динста во вок тавата.
Во меѓу време вклучете ја релната на 220 С .Смесата од тавата сега префрлете ја во ватростален сад додадете вода поклопете со капак и оставете да се пече 1 час.
Ова е мојот денешен ручек...........мммммммм
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови