19
јун
2014
Потпечена палента со кашкавал
Нашиот денешен доручек потпечена палента со кисело млеко.
Во сад на оган ставете ја водата. Кога ќе зоврие турајте ја палентата полека и постојано мешајте со лажица за матење. Додајте го и брашното и продолжете со матење. Пред да ја извадите од оган додадете го и маргаринот. Посолете ставете го и сирењето и во тавчето во кое ќе ја потпекувате палентата ставете лебни трошки и печете 25 мин.на 200 степени. Пред да ја извадите од рерна ставете го кашкавалот и вратете во рената колку да се стопи. Послужете со кисело млеко.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови