Летна потпечена манџичка
Најпрво се запржува ситно сецканиот кромид со малку масло. Се додава замрзнатиот зеленчук и брокулата и се запржуваат малку да омекнат. На тоа се додаваат ситно сецканите патлиџани и се ставаат сувите зачини. Откако сево ова ќе прокрчка убаво и се измешаат вкусовите се дотура и оризот убаво се промешува и се остава на тивок оган да се потпржи. На крај се додаваат компирите сецкани на тенки кругчиња се промешува и целата содржина се претура во тафче за печење. Во тафчето се става вода (јас ставив околу едно литро), лукчето и 2 мали лажички црвен пипер. Уште некоја минута се остава на рингла да прокрчка и се става во претходно загреана рерна на 180 степени да се пече околу половина час.
Пријатен ручек.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови