6
јун
2013
Потпечена боранија
Ситно го сецкаме кромитчето и го запржуваме. Додаваме рендан морков и продолжуваме со запржување.
На страна во друг сад ја пропржуваме боранијата да омекне, па ја додаваме во садот кај морковите. повторно промешуваме и зачинуваме со мешан зачин.
Додаваме магдонос и црн бибер.Потоа го додаваме сосот од ренданите патлидзани и оставаме да се пржи уште 2-3 минутки. Полеваме вода. Така подготвената боранија ја префрламе во земјена тава и ставаме во загреана рерна. Печеме околу 20 минути на 200 степени. Сервираме топло. На здравје
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови