Потпечена боранија
Состојки
- 500гр боранија (шарена боранија во мојот случај )
- 2 моркова рендани
- 1 главица кромид ситно сецкан
- 1 лажица мешан зачин
- 100-200гр зејтин ( за пржење )
- 200 гр вода
- 3 домати рендани
Подготовка
Ситно го сецкаме кромитчето и го запржуваме. Додаваме рендан морков и продолжуваме со запржување.
На страна во друг сад ја пропржуваме боранијата да омекне, па ја додаваме во садот кај морковите. повторно промешуваме и зачинуваме со мешан зачин.
Додаваме магдонос и црн бибер.Потоа го додаваме сосот од ренданите патлидзани и оставаме да се пржи уште 2-3 минутки. Полеваме вода. Така подготвената боранија ја префрламе во земјена тава и ставаме во загреана рерна. Печеме околу 20 минути на 200 степени. Сервираме топло. На здравје