Испечати

Потпечена боранија со свинско месо

Потпечена боранија со свинско месо

Состојки

  • 500 гр борамија
  • 500 гр бамии
  • 2 домати
  • 2 компира
  • 2 моркова
  • 450 гр свинско месо
  • 1 главица кромид
  • 2 чешниња лук
  • зачини сол,оригано,кориандер,црвен пипер
  • вода да го полие јадењето

Подготовка

Прво се пржи кромидот со лукчето. Потоа се додава месото сецкано на коцки и убаво се пржи. Боранијата прво се мие и се сецка на ситни парчиња, исто и со бамјите. Морковот е сецкан на кругови и се додава на месото, малку се динста.
Додадете ја боранијата и бамјите и динстајте уште малку. Сега додадете ги сецканите компири и на крај доматите лупени и сецкани. Ставете ги зачините по желба малку вода околу 200 мл.и оставете 15 мин .да се динста во вок тавата.
Во меѓу време вклучете ја релната на 220 С .Смесата од тавата сега префрлете ја во ватростален сад додадете вода поклопете со капак и оставете да се пече 1 час.
Ова е мојот денешен ручек...........мммммммм