11
ное
2014
Посни колачи со смокви и ореви
Смоквите и орасите се мелат на машина за месо. Им се додава шеќерот во прав и рендана кора од портокалите. Се замесуваат со сок од портокалите,кој се додава постепено, се додека не се добие смеса од која ќе може да се формираат топчиња. Можат да се прават во форма на бомбици, па да се декорираат со чоколадите или може да се искористат силиконски калапи и да се вадат убави форми. Доколку се прават со калапите, излегуваат многу повеќе, па ке треба и повеќе чоколади. Многу брзо се прават, а и не траат нешто многу подолго ...
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
колку грама се две пакетчиња смокви?
некои од нас купуваат на црпење на пазар, не од продавница, знаеш? :) :) :) :)