Испечати

Посни колачи со смокви и ореви

Посни колачи со смокви и ореви

Состојки

  • 2 пакетчиња суви смокви
  • 200 грама ораси
  • 250 грама шеќер во прав
  • 1-2 портокали
  • 5-6 чоколади за готвење (бели или црни,зависно од декорацијата)

Подготовка

Смоквите и орасите се мелат на машина за месо. Им се додава шеќерот во прав и рендана кора од портокалите. Се замесуваат со сок од портокалите,кој се додава постепено, се додека не се добие смеса од која ќе може да се формираат топчиња. Можат да се прават во форма на бомбици, па да се декорираат со чоколадите или може да се искористат силиконски калапи и да се вадат убави форми. Доколку се прават со калапите, излегуваат многу повеќе, па ке треба и повеќе чоколади. Многу брзо се прават, а и не траат нешто многу подолго ...