Торта со суви смокви и ореви
Се прават три исти кори. Белките и шеќерот се матат убаво потоа се додават пецивото, брашното и кршените ореви по желба и суви смокви по желба. Се меша со лажица и се истура во четвртаст плех на хартија за печење. Се пече на 250 степени да добие златно жолта боја. Се прават два исти фила бидејќи едниот е малку.
Млекото и шеќерот се ставаат да завријат во тенџере на оган. Претходно се одделува малку од ладното млеко и се размешува со нишиштето и се истура во зовриеното млеко. Ги кршиме и чоколадите на коцки и ги истураме и нив во тенџерето и се брка се додека не стане густо како пудинг и се остава да се излади. Во посебен сад се матат жолчките со маргаринот да бидат пенести и се истурат во изладениот фил. Се мати убаво со миксер да се соедини. Потоа се става првата кора се филува и постапката се повторува со трите кори. Пријатен апетит!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови