Посна розен торта
На мое големо задоволство, од Србија, добив готови кори за розен торта. Се воодушевив. Брзо, брзо ги направив, нешто искористувајќи од рецептите по интернетот, нешто по мое и резултатот беше одличен.
Шеќерот и водата растопете ги во тенџерче на оган, ставете го маргаринот, чоколадото, нека се растопат, па ставете ги мелените ореви, бисквитите и румот и убаво измешајте. Филувајте со врел фил, по 4-5 лажици на секоја кора. Во пакувањето има 10 тенки корички. Последната не ја премачкувајте, туку ставете нешто потешко врз филованата торта и ставете ја во фрижидер неколку саати, да се стегне.
Потоа, премачкајте ја со розевиот фондан. За него, измешајте го шеќерот најпрво со лимонот и додавајте лажиче по лажиче вода, се додека не добиете густа смеса. Во неа капнете црвена прехрамбена боја, се додека не ја добиете посакуваната розева боја.
Истурете го фонданот врз тортата и со широк нож премачкајте ја. Оставете ја повторно во фрижидер.
Се сече во форми по желба, правоаголници, коцки, ромбови...
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Receptot e super a i izvedbata za 5:)
башка розев, што знам. ај да е суперменско плаво па да ме мотивира :) :) :) :)
Рецептот е супер.