Двобојна розен торта
Прво во тенџере на оган се налива млекото, шеќерот и растворениот пудинг.
Се вари до згуснување.
Уште во топлиот крем се додава маргаринот и се меша да се соединат.
Филот се дели на 2 дела
Во првиот дел се додава белото чоколадо и лешниците.
Во вториот дел се додава црното чоколадо и оревите.
Убаво се промешуваат. Се филувааат корите со млаките филови.
Кора, црн фил, кора, жолт фил, кора , црн фил.... наизменично, се додека се истроши материјалот.
Напомена - оваа торта е со помека структура, односно корите убаво го упиваат филот. Многу е вкусна и лесна за јадење.
Оставете ја убаво да се просуши на воздух, па сечете парчиња по желба. Декорирајте по ваш вкус.
Лиценца: Сите права се задржани
Кате и овој рецепт ти е преубав, браво :)
Многу се лесни за спремање.
Излегуваат и многу парчиња
околу 60-70 сечени со големина на бајадера.
нема да згрешите , пробајте ги сите вараијанти се приказна за себе