Двобојна миризлива штрудла
Прво во топлото млеко се става квасецот со шеќерот и малку брашно да втаса.
Потоа во вангличката се додаваат сите останати состојки.
Се замесува, тестото да биде помеко.
Се остава 30 минути на топло.
Сега се дели на 2 дела.
Во едниот дел се става какаото и убаво се измесува.
(јас оставив поголем дел со какао, бидејќи сакав 1 кафена штрудла да имам)
Секој дел се дели на по 3 топчиња.
Со раце се прават долги форми, во средината се става од брусницата и се формираат ленти.
Се зема еден дел кафен, еден дел од белото тесто и се исплетуваат.
Се редат во мала ростер тава.
Се покриваат и стојат уште 20 минути на топло.
Се премачкуваат со изматено јајце, по малку се наросува шеќер и се печат на 200 степени околу 30 минути.
Со чај, млеко, кафе одлично одговараат.
Лиценца: Сите права се задржани