Испечати

Посна розен торта

Посна розен торта

Состојки

  • 1/2 кг готови кори за розен торта
  • 300 гр шеќер
  • 150 мл вода
  • 250 гр маргарин
  • 100 гр чоколадо
  • 400 гр мелени ореви
  • 150 гр мелени посни бисквити
  • неколку капки екстрат од рум
  • Розев фондан
  • 250 гр шеќер во прав
  • 1 лажиче лимонов сок
  • неколку капки црвена прехрамбена боја
  • неколку лажици вода (по потреба)

Подготовка

На мое големо задоволство, од Србија, добив готови кори за розен торта. Се воодушевив. Брзо, брзо ги направив, нешто искористувајќи од рецептите по интернетот, нешто по мое и резултатот беше одличен.

Шеќерот и водата растопете ги во тенџерче на оган, ставете го маргаринот, чоколадото, нека се растопат, па ставете ги мелените ореви, бисквитите и румот и убаво измешајте. Филувајте со врел фил, по 4-5 лажици на секоја кора. Во пакувањето има 10 тенки корички. Последната не ја премачкувајте, туку ставете нешто потешко врз филованата торта и ставете ја во фрижидер неколку саати, да се стегне.

Потоа, премачкајте ја со розевиот фондан. За него, измешајте го шеќерот најпрво со лимонот и додавајте лажиче по лажиче вода, се додека не добиете густа смеса. Во неа капнете црвена прехрамбена боја, се додека не ја добиете посакуваната розева боја.
Истурете го фонданот врз тортата и со широк нож премачкајте ја. Оставете ја повторно во фрижидер.
Се сече во форми по желба, правоаголници, коцки, ромбови...