Полнети погачки со прелив
Квасецот го раствараме во 4 лаж вода и го додаваме шеќерот оставаме да скисне. Во сад за месење ја ставаме водата и солта додаваме масло и го ставаме квасецот. Го додаваме брашното и месиме тесто. Доколку е потребно вода или брашно додаваме по потреба. Го оставаме тестото да сташе и го спремаме филот, ја мешаме урдата со сецкан магданос.
Стасаното тесто го делиме на 9 до 10 топчиња секое топче го развлекуваме малку во средината ставаме од филот и ги затвараме краевит пак формираме топче. Ги редиме на плекх намачкан со маргарин и ги оставаме да појдат убаво. Пред самото печење го сипуваме преливот, но не одзгора врз лепчињата туку отстрана на плехот.
За преливот.
Се мати јајцето со јогуртот млеко масло и нотка сол. Се пече во загреена релна на 200степени . Кога се печени се попрскуват одозгора со малку вода и се покриват да одморат 5 мин и се служат топли.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Jas sum pecela vaka slatko testo, a ima i Maja edna pogaca so obilen preliv, testoto ispaga ekstra meko....
Mnogu, mnogu ubavo!!
Прекрасно-фантастично-меко-миризливо направени.Одвај се допекоа и одвај ги дочекавме синоќа да се напукаме во 23:30....После дебели сме биле,а не знаеме од што?!