Полнети погачки со прелив
Состојки
- за тесто
- 1 чаша(200мл)и 4 лаж млака вода
- 2 лаж шеќер
- 2 лаж сол
- 4 лаж масло
- 1 квашче
- 4 чаши брашно
- за полнење
- 400 гр урда или фета сирење
- пола китка магданос
- за прелив
- пола чаша млеко
- пола чаша јогурт
- 50 мл масло
- 1 јајце
- нотка сол
Подготовка
Квасецот го раствараме во 4 лаж вода и го додаваме шеќерот оставаме да скисне. Во сад за месење ја ставаме водата и солта додаваме масло и го ставаме квасецот. Го додаваме брашното и месиме тесто. Доколку е потребно вода или брашно додаваме по потреба. Го оставаме тестото да сташе и го спремаме филот, ја мешаме урдата со сецкан магданос.
Стасаното тесто го делиме на 9 до 10 топчиња секое топче го развлекуваме малку во средината ставаме од филот и ги затвараме краевит пак формираме топче. Ги редиме на плекх намачкан со маргарин и ги оставаме да појдат убаво. Пред самото печење го сипуваме преливот, но не одзгора врз лепчињата туку отстрана на плехот.
За преливот.
Се мати јајцето со јогуртот млеко масло и нотка сол. Се пече во загреена релна на 200степени . Кога се печени се попрскуват одозгора со малку вода и се покриват да одморат 5 мин и се служат топли.