Пирош пита
1. Празот го сечеме на кругови и малку го запржуваме со пола од маргаринот и додаваме малку зејтин. Додаваме малку сол и бибер,промешуваме и пржиме додека празот не омекне.
2. Ја тргаме тавата од оган и внатре го додаваме издробеното сирење и 1 јајце.Се заедно промешуваме додека филот не се соедини.
3. Во едно мало тенџере го ставаме млекото да се смлачи,го тргаме на страна и го додаваме квасецот и мешаме додека квасецот не се растопи.
4. Во длабок сад го ставаме брашното го додаваме преостанатиот омекнат маргарин,ставаме малку сол,го додаваме сварениот исцеден од вода и испасиран компир,2 белки и млекото со квасецот.Се заедно промешуваме и на побрашнета работна маса изработуваме глатко тесто.Формираме топка и го оставаме тестото покриено да стои 30 мин.
5. Од тестото формираме 2 еднакви топки и првата кора ја сукаме колку што е голема тепсијата (бр 32) во која сме ставиле хартија за печење.Малку краевите ги свиткуваме кон внатрешноста од тепсијата(како на сликата) и го распоредуваме филот.
6. Од другата кора со сукало развлекуваме кора исто колку што е голема тепсијата и со алатка сечеме ленти.
7. Пола од лентите ги распоредуваме врз филот во тепсијата и ги премачкуваме со 2 разматени жолчки.Преостанатите ленти ги редиме во обратен правец и тие ги премачкуваме со разматени жолчки.
8. Ја посипуваме питата богато со сусам и ја ставаме во загреана релна да се пече на 200 Ц. околу 60 мин.После 30 мин питата ја покриваме одозгора со фолија да не ни изгори.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Преубаво!
AnaKN....Ovde se se uci i mnogu e polesno vo drustvo....fala ti mnogu!!!pozz.
Juciiii..a jas pak cekam i ti da postavis ovde kajzericite...ima da se pravat, a vpro;em i ostanatite tvoi prekrasni recepti...
Maja, od poveke glava ne boli, ti samo pravi i na prazot veke ke mu pomini sezonata, ajde sto cekas...navistina mi e ubava ovaa pita.
ама по името тоа пирош (збунки хаха) ми асоцира на пирошки и очекувам кашкавали, салами, кечапи... а тоа празој внатре...
да се разбриме ја сакам баш ваква како што е, ама името сакав да прашам од кај е пирош (пуста радозналост, цццц... ко некој ситничар сум...)
Milica i ti mozes so spanak i sirenje jas go nemam toj problem kaj mene site jadat...samo da e meseno:))) <3
Aleksovska probaj ja so bilo koj fil,jas mislam nema da ima nekoj razlika pa kazi kako bila<3
Fala vi mnogu na siteeee!!!!<3