1. Празот го сечеме на кругови и малку го запржуваме со пола од маргаринот и додаваме малку зејтин. Додаваме малку сол и бибер,промешуваме и пржиме додека празот не омекне.
2. Ја тргаме тавата од оган и внатре го додаваме издробеното сирење и 1 јајце.Се заедно промешуваме додека филот не се соедини.
3. Во едно мало тенџере го ставаме млекото да се смлачи,го тргаме на страна и го додаваме квасецот и мешаме додека квасецот не се растопи.
4. Во длабок сад го ставаме брашното го додаваме преостанатиот омекнат маргарин,ставаме малку сол,го додаваме сварениот исцеден од вода и испасиран компир,2 белки и млекото со квасецот.Се заедно промешуваме и на побрашнета работна маса изработуваме глатко тесто.Формираме топка и го оставаме тестото покриено да стои 30 мин.
5. Од тестото формираме 2 еднакви топки и првата кора ја сукаме колку што е голема тепсијата (бр 32) во која сме ставиле хартија за печење.Малку краевите ги свиткуваме кон внатрешноста од тепсијата(како на сликата) и го распоредуваме филот.
6. Од другата кора со сукало развлекуваме кора исто колку што е голема тепсијата и со алатка сечеме ленти.
7. Пола од лентите ги распоредуваме врз филот во тепсијата и ги премачкуваме со 2 разматени жолчки.Преостанатите ленти ги редиме во обратен правец и тие ги премачкуваме со разматени жолчки.
8. Ја посипуваме питата богато со сусам и ја ставаме во загреана релна да се пече на 200 Ц. околу 60 мин.После 30 мин питата ја покриваме одозгора со фолија да не ни изгори.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови