23
окт
2014
Перничиња со фил од цимет и јаболка
Од наведените состојки за тесто се замесува средно тесто.
Нека одстои во фрижидер 10 минути.
За тоа време во еден сад соединете ги сите состојки за филот.
Се зема од тестото по едно парче со големина на поголема бомбица, малку се расукува, па се става во калапчето, се става по 1 лажиче фил и се затвора калапчето.
Вишокот на тесто, до колку има се одстранува со нож.
Се редат во плех и се печат 25 минути на 180 степени.
Испечени се посипуваат со шеќер во прав.
Вкусни, надвор крцкави, а внатре меки, со сочен фил
Лиценца: Сите права се задржани