Тестенините подгответе ги според упатството на опаковката.

За сосот најпрво исечкајте го кромидот и лукот. Во една тава налејте малку маслиново масло и ставете ги да се династаат на средна температура додека да омекнат. Чајната колбасица исечкајте ја на мали парченца и додадете ја во тавата. Оставете ја и неа околу 5 мин. на тивко да се пржи со повремено промешување. Додадете ги печурките и исецканите домати. Затворете со капак и оставете на тивко да се крчка околу 10-тина минути. На крај, додадете ја супата, павлаката и магдоносот. Измешајте убаво и оставете да зоврие.
Со сосот прелијте ги сварените тестенини. Послужете топло.

Во сосот можете по желба да додадете и малку црвено вино, а за оние кои обожаваат пикантни јадења, може во пржењето да додадете чили (свежо или во прав).
Добар апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови