Ќе се обидеме да го направиме ова италијанско класично јадење на наш начин и се надеваме дека ќе Ви се допадне и ќе го пробате. Мораме да Ви признаеме дека крајниот резултат беше навистина вкусен.

Преземи го рецептот во PDF

Состојки

  • 130 грама доматен сос
  • 80 грама Мелено говедско месо
  • 130 грама пене паста
  • 1 главица кромид
  • Пармезан по вкус
  • магдонос
  • Сол и бибер
  • Маслиново масло

Подготовка

Чекор 1: Како и секогаш, ја загреваме водата и во неа ставаме малку маслиново масло и сол. За подготовка на сосот ја загреваме тавата за сос и почнуваме да го сечкаме кромидот на мали парчиња. Кога ќе завршите со сечкањето, ставете само капка маслиново масло во тавата за сос и во неа ставете ги состојките за сосот.

Чекор 2: Кога водата ќе почне да врие, време е да се стави пастата да се вари 10 минути. Додека пастата се вари, додадете го меленото говедско месо заедно со кромидот и зачинете со малку сол и црн бибер. Мешајте ја смесата додека месото и кромидот да се измешаат, а потоа ставете го доматниот сос и промешајте уште малку за да го добиете готовиот сос. Додадете малку магдонос за дополнителен вкус и оставете го сосот на средно силен оган околу 13 минути.
Ќе можете да го почувствувате одличниот мирис од тавата за сос, и ќе знаете кога сосот ќе биде готов.

Чекор 3: Во меѓувреме пастата треба веќе да е сварена. Исцедете го вишокот вода од тавата и спремни сте да го ставите сосот во пастата и да ги измешате заедно.

Чекор 4: Вашата паста болоњезе е спремна за сервирање, едноставно ставете ја на средината на чинијата, одозгора ставете пармезан по вкус и уживајте во ова јадење со пријателите.

Чекор 5: Чистењето на Делимано тавите е исто толку забавно колку и готвењето, па така само избришете ги со мокра салфетка или исплакнете ги со малку вода. Толку е лесно и едноставно.

СОВЕТ: Ова јадење е совршен избор за ручек или рана вечера и може да се комбинира со бело или црвено вино. Пробајте го и кажете ни како Ви се допадна.

Користени Делимано садови за подготовка на овој рецепт: Тава со рачки ; Сад за сос