Видео рецепт: Шпагети Болоњезе
Сите знаат да приготват Шпагети болоњезе, но исто така сите имаат свој рецепт. Некои луѓе во него сакаат моркови, други печурки, а некои сланина. Денес Ви го претставуваме нашиот рецепт, но сигурни сме дека и Вие имате да споделите некој рецепт за Шпагети болоњезе на Мои Рецепти.
Состојки
- 150 грама шпагети
- 1 голема главица бел кромид
- 2-3 чешниња лук
- 300 грама мелено месо
- 100 грама сланина
- 1 чаша црвено вино
- половина конзерва сечкани домати
- пармезан и магдонос за украсување
- сол и бибер
- маслиново масло
Подготовка
Чекор 1: Време е за сечкање: Исечкајте го кромидот на коцки. Не мора да бидете премногу уредни, затоа што кромидот ќе стане дел од болоњезе сосот.
Сега излупете го и исечкајте го лукот. Исто така, исечкајте ја сланината на коцки.
Чекор 2: Загрејте го тавчето на среден оган и ставете малку маслиново масло, пред да ги запржите кромидот и лукот на среден оган. Потоа ставете ја сланината.
Сакаме да ги омекнеме кромидот и лукот и истовремено да го извлечеме вкусот на масната сланина во смесата. Парчињата сланина овде треба да му дадат вкус на сосот.
Чекор 3: Извадете ја смесата од тавата и во истата тава ставете го меленото месо, убаво растурете го и пржете го додека надворешноста потемни.
Сега ставете го меленото месо - доколку сте во можност, купете квалитетно мелено месо, затоа што поефтиното мелено месо може да испушти премногу маснотии и да ја уништи текстурата на сосот. Надворешноста на месото ќе потемни за приблжно 5 до 6 минути.
Вратете ги кромидот, лукот и сланината во тавата...
Зачинете со сол и бибер. Потоа ставете ги сечканите домати во сосот. Сипете ја чашата вино...
Гответе на средно силен оган и оставете време вкусовите да се спојат.
Чекор 4: ВРЕМЕ Е ЗА ТЕСТЕНИНИТЕ: Ставете ги шпагетите во зовриена солена вода и покријте го тенџерето со капакот.
Повремено промешувајте.
Чекор 5: ВРЕМЕ Е ЗА СЕРВИРАЊЕ: Прво ставете ги шпагетите во чинијата...
Потоа прелијте ги со болоњезе сос. Украсете со пармезан и ситно сечкан магдонос.
СОВЕТ: Што мислите? Нема сомнение дека овој рецепт е различен од Вашиот, но пробајте го. Комбинираниот вкус на сланината и црвеното вино е добитна комбинација. Доколку имате во домот, зошто да не додадете и малку балсамиран оцет? Само запомнете да го крчкате сосот доволно долго за виното и оцетот целосно да испарат, во спротивно ќе добиете горчлив вкус.
Користени Делимано садови за подготовка на овој рецепт: Касерола ; Тава за пржење