Паста „Помодори Салсича„
Состојки
- 500 гр. резанци или други тестенини по желба
- Сос
- 1 главица кромид
- 2 чешниња лук
- маслиново масло
- 250 гр. чајна колбасица или кулен
- 350 гр. печурки
- 1 конзерва цели домати (или 500гр. свежи)
- 200 гр. кисела павлака
- 1 лажица инстант супа од зеленчук
- 3 лажици магдонос ситно сецкан
Подготовка
Тестенините подгответе ги според упатството на опаковката.
За сосот најпрво исечкајте го кромидот и лукот. Во една тава налејте малку маслиново масло и ставете ги да се династаат на средна температура додека да омекнат. Чајната колбасица исечкајте ја на мали парченца и додадете ја во тавата. Оставете ја и неа околу 5 мин. на тивко да се пржи со повремено промешување. Додадете ги печурките и исецканите домати. Затворете со капак и оставете на тивко да се крчка околу 10-тина минути. На крај, додадете ја супата, павлаката и магдоносот. Измешајте убаво и оставете да зоврие.
Со сосот прелијте ги сварените тестенини. Послужете топло.
Во сосот можете по желба да додадете и малку црвено вино, а за оние кои обожаваат пикантни јадења, може во пржењето да додадете чили (свежо или во прав).
Добар апетит!