Паста Понца
Загрејте ја рерната на 200 ц.
На тавата за печење ставете хартија. Чери доматите пресечете ги на половинки, додајте ја едната лажица маслиново масло, капарите, солта, биберот и добро измешајте. Распоредете на хартијата во еден слој, посипете со лебните трошки и попрскајте со 2 - 3 лажици маслиново масло. Печете 35 - 40 мин. Оставете малку да подолади, околу 5 мин.
Додека се печат доматите сварете ги макароните во поголемо количество солена вода.
Во керамички сад во кој ќе го послужите јадењето ставете ги исцедените макарони. (Сочувајте малку вода во која се вареа) Одозгора истурете ги печените домати со сокот кој го пуштиле, додајте го ренданото Пекорино. Нежно измешајте, дотерајте го вкусот, ако е суво, ставете неколку лажици од водата во која се вареа макароните. Посипете со ситно сецкан магдонос и веднаш послужете. Ако сакате, можете и кратко да ги запечете макароните под грил грејачот.
Овој рецепт е на Џиада Де Лаурентис...
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Fala vi mnogu za cesta uste ednas :))
Но, кај сите членови од тимот, во Топ 3 беше овој рецепт - а на крај пресече нашиот готвач, кој е сепак најстручен за тоа :)))
Сепак, идејата за давање часови воопшто не ти е лоша...а исто, размисли и дали е можеби време да направиш еден Фејсбук профил (макар и псевдоним како Клара :), за да можеш и таму да примаш честитки :)))
Fala na site za cestitkite, i ovdeka i na FB :))
ама за да те оправдам за побарувачката, земај тоа блендерот и смиксај ми еден домат во чаша ;)
(а ова за пиво парти другото а;)?) хехехе...
Ne se sokiraj od sostojkite, petka e po vkus, ne mora ni da si mamuren "od snosti". Ako nemas sostojki, jas site gi imam :)))
Pozdrav i cestitkii ovde...