Испечати

Паста Понца

Паста Понца

Состојки

  • 400 гр макарони или друга кратка паста
  • 600 гр чери домати
  • 2 лажици измиени и исцедени капари
  • 1/2 лажичка крупна морска сол
  • 1/4 лажичка мелен бибер
  • 1 лажица маслиново масло
  • 1/2 шоља лебни трошки
  • 70 гр рендано Пекорино сирење
  • 2-3 лажици маслиново масло за попрскување
  • малку ситно сецкан магдонос

Подготовка

Загрејте ја рерната на 200 ц.
На тавата за печење ставете хартија. Чери доматите пресечете ги на половинки, додајте ја едната лажица маслиново масло, капарите, солта, биберот и добро измешајте. Распоредете на хартијата во еден слој, посипете со лебните трошки и попрскајте со 2 - 3 лажици маслиново масло. Печете 35 - 40 мин. Оставете малку да подолади, околу 5 мин.
Додека се печат доматите сварете ги макароните во поголемо количество солена вода.
Во керамички сад во кој ќе го послужите јадењето ставете ги исцедените макарони. (Сочувајте малку вода во која се вареа) Одозгора истурете ги печените домати со сокот кој го пуштиле, додајте го ренданото Пекорино. Нежно измешајте, дотерајте го вкусот, ако е суво, ставете неколку лажици од водата во која се вареа макароните. Посипете со ситно сецкан магдонос и веднаш послужете. Ако сакате, можете и кратко да ги запечете макароните под грил грејачот.
Овој рецепт е на Џиада Де Лаурентис...