Папалинки печени во рерна
Овој рецепт го имам од поодамна од етрва ми Жаклина и одовде и благодарам за рецептот.
Го имам спремано многу пати. Еве сега сакам да го споделам овде со вас.
Најпрвин ги чистиме рибичките во внатрешноста, ги миеме убаво со вода. Потоа ги редиме во плекче за печење. Ги посолуваме, додаваме зачини. Лукот го сецкаме ситно и го распоредуваме насекаде врз рибата. Одозгора го ставаме лимонот исецкан на кругчиња. Го покриваме плекчето со алуминиумска фолија и печеме на 200 степени околу 45 минути. Пред да помине ова време, ја тргаме фолијата и оставаме да се подпечат уште некое време папалинките.
Зависи од вкусот, ние ги сакаме вака посочни, а може да ги направите и покрцкави. Ако сакате може да ги гарнирате со пире или варен ориз. Многу се вкусни, може да ги послужите и за мезе. Се надевам дека ќе ви се допадне овој начин на припремање на папалинките. Ви посакувам добар апетит.
Лиценца: Сите права се задржани
Е сега да кажам уште нешто...ПАПАЛИНКИ! хахаха... се изнасмеав на зборот. Кај нас за сигурно не се викаат вака овие мини рипки, ама не ми ни текнува сега... ете, Лили ќе кажи :)
"Imeto ne e nisto.... Ona sto go vikame Roza isto ke mirisa i so drugo ime""...:)))
многу е смешно кога ќе седнеме во кафана со друштво, онака мераклиски сите си нарачуваат салатичка, ракииче, а јас салата и кисела вода. тие уште не ја промешале салатата, а јас веќе сум ја изела и се бунам каде е келнерот со свињетината :) :) :) :)
шала на страна, ретко јадеме риба по дома. а треба почесто ;)
Cestitkii za RD!!