Највкусните костени се печат на жар или на печка на дрва. За оние кои ги немаат овие услови еве рецепт како се печат во рерна. Ова впрочем и не е некој рецепт само прилагодување кон условите за живот.

Подготовка
1. Ја загреваме рерната на 250 степени или на најсилната температура што ја има вашата рерна. Тавчето во кое ќе ги печеме исто така го ставаме да се загрее.
2. Костените ги бришеме со крпа доколку ни се валкани и ги засекуваме со нож од заоблената страна. Ја ставам една линија засек, ако сакате засекот може да биде и во форма на крст.
3. Ги редиме во загреаниот плех, а внимаваме да се со растојание помеѓу, односно да не се еден врз друг.
4. Ги печеме околу 15-20 минути односно додека да се испечат.

Забелешка
Многу е важно сите костени да ви бидат засечени. Доколку ви се случи да не засечете некој, бидете сигурни дека ќе експлодира во рерната. Дали се печени ќе знаеме кога ќе пробаме еден, два костена. Костенот го земаме малку го ладиме и ако лесно му се отстранува лушпата, а е мек и вкусен за јадење, значи печен е.