29
апр
2018
Пилешки прсти со јогурт печени во рерна
Најпрво стекот го сецкаме на долги тенки парчиња (по желба). Во кеса во длабок сад ги ставаме состојките за маринирање, секое парче убаво го премачкуваме, и оставаме неколку часа во фрижидер.
Парчињата ги валакме во мешавина од презла и сусам, и ги редиме во плех обложен со хартија за печње. Одозгора попрскуваме со малку масло, и ставаме во загреана рерна на 200 степени. Кога ќе поруменат од горната страна, ги превртуваме и печеме уште кратко, додека не поруменат и од другата страна.
Месото е многу сочно и ровко. Пробајте =) На здравје!