Испечати

Папалинки печени во рерна

Папалинки печени во рерна

Состојки

  • 800 грама папалинки
  • 1 лажичка не полна сол
  • 1 лажичка вегета
  • 1 лимон
  • 100 мл вода
  • 100 мл бело или црвено вино
  • 50 мл зејтин
  • 50 мл оцет
  • 1 пакетче готово пире
  • 10 чешниња лук

Подготовка

Овој рецепт го имам од поодамна од етрва ми Жаклина и одовде и благодарам за рецептот.
Го имам спремано многу пати. Еве сега сакам да го споделам овде со вас.
Најпрвин ги чистиме рибичките во внатрешноста, ги миеме убаво со вода. Потоа ги редиме во плекче за печење. Ги посолуваме, додаваме зачини. Лукот го сецкаме ситно и го распоредуваме насекаде врз рибата. Одозгора го ставаме лимонот исецкан на кругчиња. Го покриваме плекчето со алуминиумска фолија и печеме на 200 степени околу 45 минути. Пред да помине ова време, ја тргаме фолијата и оставаме да се подпечат уште некое време папалинките.
Зависи од вкусот, ние ги сакаме вака посочни, а може да ги направите и покрцкави. Ако сакате може да ги гарнирате со пире или варен ориз. Многу се вкусни, може да ги послужите и за мезе. Се надевам дека ќе ви се допадне овој начин на припремање на папалинките. Ви посакувам добар апетит.