
1
окт
2012
Палачинки со тиквички
Од состојките за палачинки направете смеса и испечите палачинки (околу 6). Потоа направете го филот.
Тиквичките изрендајте ги, посолете ги и оставате ги околу половина час да ја пуштат водата. Исцедете ги, додадете го ренданиот кашкавал, пармезанот, јајцето, солта и биберот по вкус и се заедно исмешајте.
На секоја палачинка намачкајте од филот и завиткајте ги во ролат.
Наредете ги во плехче обложено со хартија, ставете неколку парченца путер и нека се печат 20 -30 мин. на 180 степени.
Лиценца: Сите права се задржани
ова никогаш немаше да ми текне, а ми текнуваат јестивости :) :) :) :)
Cestitki!!!