Палачинки со тиквички (безглутенски)
Белките се матат со жица. Тиквичките се рендаат на најситно и се додаваат кон белките. Потоа, со ред се додаваат и останатите состојки. На крај се додава малку маслиново масло.
Од смесата се црпи со кутлача, а на тавчето смесата се распоредува со лажица (се мазни), бидејќи е густа. Препорачувам пржење на тефлонско тавче. Јас ставам масло само на првата палачинка. Овие палачинки се пржат малку подолго од вообичаените за да можат да се превртат со лажица, бидејќи се помеки.
Одлични се за појадок. Јас ги сервирам по две во порција една врз друга, а помеѓу нив свеж домат и рендано козјо сирење.
Превкусни се, лесни за подготовка, а многу се здрави.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Се надевам ќе бидам достоен член како вас.