
Безглутенски чоколадни шишарки
Исецкајте ги брусниците и ставете ги во сад за матење заедно со хељдата и просото. Може да употребите и други житарки по вкус.
Растопете ги кокосовото масло и медот на тивко, а потоа додајте го какаото и мешајте до изедначување на смесата. На крајот додајте го циметот. Оставете малку да се олади, па потоа додавајте постепено врз житарките и брусницата и убаво мешајте.
Од смесата ставајте во чашки за ракија, убаво натапкајте со мало лажиче и потоа превртете ја чашката во корпица за бомбици.
Шишарките ставете ги во фрижидер за убаво да се стегнат.
Наместо какао, мед и кокосово масло може на пареа да растопите темно чоколадо, но јас шишарките ги правев за мали дечиња, па одбрав поздрава варијанта.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови