Чоколадни шишарки - Божиќни ситни колачи (без печење)
Во голем сад ги ставаме мелените бисквити,рум шеќер или ванилин шеќер(јас ставив неколку капки рум и ванилин шеќер). Ги додаваме и 3те лажици какао, па промешуваме. Го додаваме путерот(или маргарин), го додаваме медот и потоа го додаваме еурокремот. Потоа можете сите состојки да ги промешате со рацете или со лажица за добро да се соединат. За смесата да биде како „мокар песок„ и за да можеме од прилика да создадеме форма на шишарка додаваме млеко по потреба. Откако ја добиваме посакуваната смеса правиме отприлика облик на шишарка со смесата и почнуваме да го редиме корнфлексот одозгора, па надолу за да не ни се распадне смесата (погледнете ги фотографиите за да ви биде појасно ) На крај,за да изгледаат како снежни шишарки,додаваме шеќер во прав.
Во смесата може да додадате и цимет.
На здравје
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови