Водата, шеќерот, маргаринот и ванилата се зовриваат ( при што се меша додека убаво се растопат и соединат) и нека поварат 3-5 мин., на умерен оган.

Останатите состојки се ставаат во еден подлабок сад и се полеваат со врелиот шербет. Се меша убаво со лажица, после со рака.
Се остава смесата да излади, се премесува, се расплескува меѓу две најлонски фолии со дебелина на калапите секачи. Се става повторно во фрижидер-длабоко, подзамрзнува, па се сечат саканите форми.

Така подзамрзнати се чоколадираат.
Чоколадото со маслото се топи над пареа и се полеваат колачињата.

Уживајте!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани