
Непечена торта со кокос
Оваа торта испадна од остатоците од смесата за колачиња кои ги правев за на матура.
Кафеав дел
Маргаринот се мати со шеќерот и јајцето. Се додаваат состојките и се замесува тесто. Кога ќе се соединат убаво состојките развлекуваме кора дебелина колку сакаме и згора само го ставаме белиот дел.
Бел дел
Ова го имам пишано во едни колачиња.
Маргаринот се топи, се матат млекото и белката, па се додава шеќерот и кокосот.
Се заедно се миксира, па го оставаме во замрзнувач да постои околу половина час покриено со фолија ( за да не се засуши )
Од смесата формираме кора која ја правиме иста дебелина колку кафеавата.
Ја ставаме врз неа и јадеме Ч)
Може да се стави и топено чоколадо.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови