Доста издашна по број на парчиња за љубители на аромата на рум... Како и кај многу непечени бисквитни десерти и тука се топат бисквитите во инстант кафето и се образува кора со ширина и должина по ваша мерка.

Што се однесува до филот пак, неговата подготовка започнува сотоа што се топи шеќерот во млекото, се додава и маргаринот така стопени се полеваат мелените бисквити и кршени на парчиња чоколадираните кекси јас користев (дома..ца), се става рендано чоколадото, оревите и рум (во оригиналниот рецепт стои и суво грозје-кое го изоставив).
Се премачкува измешаната смеса над првиот ред од бисквит-кората, потоа се бие слатката павлака,се дели на половина едната половина останува чиста,  а во другата се става чоколадото и рум малку, да ја засили аромата колачот, за да се разликува по бојата малку какао се става. Се оставаат двата дела слатка павлака во фрижидер додека ја образуваме втората кора од бисквити во нескафе, над нив се става делот со бела слатка павлака, повторно ред бисквитна кора и најгоре делот со малку обоена слатка павлака со чоколадо.
Украсете ја по избор, се лади во ладилник и така се служи..

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови