Непечена кремаста торта со целуфки
Од млекото, шеќерот и прашокот за пудинг сварете го пудинг кремот. Оставете го 5-10 мин да подиспари и потоа вмешајте го маргаринот и на крај изматете убаво со миксер. Оставете го покриен или повермено мешајте додека не олади.
Во меѓувреме изматете ја слатката павлака.
Врз рамна површина, каде ќе ја редите тортата најпрво намачкајте една лажица од изматената павлака и убаво секаде распоредете ја. Потоа наредете ги половина од целуфките. Мачкаме со павлака за да не ни лизгаат. Врз нив нанесете половина од пудинг кремот, па распоредете од овошјето. Над пудингот размачкајте половина од павлаката и потоа повторете ја постапката пак – ред целуфки, пудинг, овошје и на крај останатата слатка павлака измешајте ја со лешниците и премачкајте.
Оставете во фрижидер за добро да се стегни, најдобро преку ноќ и ... уживајте.
Лиценца: Сите права се задржани
ubava torticka :)
А за јадење ммм... кој е по кремастото нека проба :) -без гледање на стрелката се јади ;) :))))