Вкусен летен оброк кој е брз и лесен за подготовка. Предност пред се е што е нискокалоричен.

Подготовка
Кромидот и лукот ситно исечкајте ги. Тиквичките излупете ги, преполовете ги и исечкајте ги на подебели кришки. Патлиџанот убаво измијте го и него исечкајте го на коцки. Доматите исечете ги на кришки а сирењето на мали коцки.
Во една подлабока тава ставете малку зејтин и испржете го меленото месо. Посолете, побиберете и ставете го црвениот пипер. Промешајте и тргнете го месото на страна. Во истата тава ставете ги кромидот и лукот да се динстаат. Кога кромидот ќе омекне додадете ги тиквичките и модриот патлиџан. Промешајте убаво и нив динстајте ги малку да омекнат. Ставете ја супата, поклопете со капакот и оставете на тивко да се динста околу 10-тина минути. Додадете го меленото месо и доматите. По потреба посолете и лесно промешајте. Динстајте уште 5 минути колку доматите малку да омекнат. На крај додадете го ситно исечканиот рузмарин и сирењето во коцки.
Послужете со чабата.

Овој оброк идеално се спрема во Гурмет 8 во 1 Пекачот.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови