5
сеп
2012
Медитеранска чорба
Во тенџере со вода ги ставаме сечканите моркови, домати, пиперки, кромидот, компирот и оставаме зеленчукот да се вари околу 20 минути. Потоа ги додаваме оризот и портокаловата леќа и оставаме да се вари уште 20 минути. Го додаваме лукчето, зачинот наросуваме од биберот (јас користам 4 вида бибер во мелница-има подобра арома од обичниот црн бибер), го додаваме сечканиот магдонос и додаваме масло. Оставаме чорбата да врие уште неколку минути и ја тргаме на страна. Одлично и лесно предјадење без запршки. Портокаловата леќа е одлично средство за згуснување на секаков вид чорби и варива, без додавање на брашно.
Пријатно јадење...
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Пестопаста, секоја чест за рецептот и јадењето, да не бидам погрешно сватена, супер звучи, ама не е за мене-јас напати си пребирам многу... таков ми е системот ;)
хм....чудновато :) :) :) :)