Видео рецепт: Медитеранска салата од зеленчук на скара со фета сирење и нане
Постојат многу салати за чија подготовка е потребна термичка обработка, а ова е идеално мезе за летните денови или гарнир со месо на скара. Исто така, ова јадење е идеална вегетаријанска замена со „меснат“ модар патлиџан и кремасто фета сирење.
Состојки
- 1 модар патлиџан
- 1 тиквичка
- ½ главица лук
- 2-3 цели печени црвени пиперки
- Една рака шери домати
- Една рака свеж магдонос
- 1 калап фета сирење
Ќе ви треба и:
- Сол, бибер и маслиново масло
За подготовка на овој рецепт користиме Делимано Грил тава.
Подготовка
Чекор 1: Исечкајте ги модриот патлиџан и тиквичката на еднакви долги ленти – не многу дебели, но и не многу тенки. Доколку имате доволно време, маринирајте ги лентите со лук, маслиново масло, сол и бибер. Запомнете дека солта ја отстранува вишокот вода од модрите патлиџани пред да ги готвите.
Чекор 2: Исечкајте го и фета сирењето на коцки, а пиперките на тенки ленти. Шери доматите пресечете ги на пола.
Чекор 3: Ја загреваме Грил тава и ги печеме лентите тиквички и модар патлиџан. Повремено ги вртиме за да се потпечат убаво од двете страни.
Чекор 4: Лентите од тиквички и модар патлиџан наредете ги наизменично на долга чинија и потоа додадете ги лентие пиперки, фета сирењето и шери доматите. Најпосле, украсете со свежо нане.
СОВЕТ: Оваа салата претставува одличен оброк, полн со вкусови и боја. Тиквичките се едноставни за подготовка, но можат да впијат масло, па затоа внимавајте да не подготвите многу тешка салата. Ова треба да е едноставно, лесно јадење со силни вкусови.