Медитеранска чорба
Состојки
- 3 средни домати
- 2 главици кромид
- 2 зелени пиперки
- 4 средни моркови
- 50 гр ориз
- 100гр портокалова леќа
- 2 средни компири
- неколку гранчиња свеж магдонос
- малку бибер во зрна
- 1 лажица био зачин
- 2 чешниња лук
- 30мл маслиново масло
Подготовка
Во тенџере со вода ги ставаме сечканите моркови, домати, пиперки, кромидот, компирот и оставаме зеленчукот да се вари околу 20 минути. Потоа ги додаваме оризот и портокаловата леќа и оставаме да се вари уште 20 минути. Го додаваме лукчето, зачинот наросуваме од биберот (јас користам 4 вида бибер во мелница-има подобра арома од обичниот црн бибер), го додаваме сечканиот магдонос и додаваме масло. Оставаме чорбата да врие уште неколку минути и ја тргаме на страна. Одлично и лесно предјадење без запршки. Портокаловата леќа е одлично средство за згуснување на секаков вид чорби и варива, без додавање на брашно.
Пријатно јадење...