Мача торта (1000-ти јубилеен рецепт) (без печење)
Рецепти, готвење, труд, љубов, соработка, пријателства, дружба, споделување, фотографии, искуства, награди... сите овие зборови асоцираат и се дел од оваа наша страница Мои рецепти!
И така дружејќи се низ годините дојде редот да го објавам и мојот 1000-ти рецепт. Сакав да биде нешто невообичаено и мислам дека успеав во тоа. Ви подготвив и ви ја претставувам оваа торта со првокласен зелен чај во прав, познат како мача, кој се одгледува исклучиво во Јапонија, а дел од тортата е подготвена и со моето омилено зрнесто овошје, боровинките. Се надевам ве заинтересирав со мојот избор на јубилеен рецепт!
Подготовка на торта со боровинки
1. Сечеме од готовата кора два круга во големина колку помалиот калап за торта. На дното од калапот ставаме една кора.
2. Го растопуваме желатинот во малку вода.
3. Боровинките со шеќерот и 20 мл вода ги ставаме да провријат па ги блендираме. Во блендерот го додаваме и растопениот желатин.
4. Матиме слатка павлака и во неа ги додаваме боровинките. Соединуваме и смесата ја ставаме во калапот со обрач.
5. Покриваме со другата кора и тортичето го одложуваме во фрижидер да се стегне.
Подготовка на торта со зелен чај
1. Сечеме еден круг во големина на тава за чизкејк. Го ставаме на дното од тавата.
2. Го раствораме желатинот во 50 мл вода, па го ставаме да се растопи заедно со млекото и шеќерот, на средна температура.
3. Во слатката павлака го ставаме крем сирењето па кратко матиме до соединување (не да биде сосема изматено). Во оваа смеса го додаваме слаткото млеко во кое сме го раствориле желатинот, па промешуваме кратко со миксер.
4. Оваа смеса ја делиме на 4 дела, првиот бел дел прв го распоредуваме, а во остатокот додаваме ментол екстракт.
5. Во садовите ставаме мача во прав и тоа во првиот 1 лажичка, во вториот ½ лажичка, во третиот 1/4 лажичка во кои додаваме неколку капки вода за да се раствори зелениот чај во прав. Сите делови со помош на шпатула ги соединуваме со мача правот.
6. Белиот дел кој прв го распоредуваме врз чоколадната кора, го оставаме кратко во замрзнувач да се стегне онолку колку да можеме следниот крем фино да го распоредиме.
7. Потоа го ставаме делот во кој сме раствориле ¼ чајна лажичка мача во прав, пак го оставаме да олади, па делот со ½ лажичка мача, па делот со 1 лажичка мача во прав.
8. Ја оставаме тортата да се стегне во фрижидер или во замрзнувач.
Подготовка на чоколаден ганаж
1. На средна температура ја загреваме слатката павлака до вриење, па го ставаме путерот и чоколадото да се растопи. Оставаме кратко да подизлади.
2. Ја вадиме од калапот мини тортичката со боровинки и ја преливаме со дел од чоколадниот ганаж. Остатокот го распоредуваме врз тортата со мача во прав. Оставаме да се стегне ганажот.
3. Откако ќе се стегне ганажот ја вадиме мача тортата од калап и врз неа ја ставаме тортата од боровинки и ја украсуваме по вкус и желба.
Лиценца: Сите права се задржани
Bravoooo Vale
Cestitki od srce, ne Samo za ovoj recept, tuku i za site dosega spodeleni recepti od tvojata kujna
(zabelezav deka i na podot vo kujnata, najverojatno stapka ima lazici, nozevi, viluski hahaha)
Da. Toa e ona sto ne pravi srecni
Tortata pleni so svojot Ubav izgled i presek i vkus....
Fala sto si del od moeto opkruzuvanje
Pozz i sekoe dobro
И еве го фамозното стазиче ..ххахахаах
I ti kazav vo privatna poraka sto ke ti kupam so lazici, nozevi.... Hahahaaa
Ako sme si budaletinki, srekni sme si
Tortava pre preubava. :*
Секоја чест за секој твој рецепт, за љубовта, трудот, времето кое е потребно за сето ова да се скоцка како што ти знаеш и умееш, фотки кои пленат, знам дека пурпурната боја ти е омилена, а и боровинката како овошје :-)
Секое добро ти посакувам и уште, уште мнооогу убави рецепти ❤
Кога ја видов сликата од тортата, без да видам кој е готвач, знаев дека си ти!?
Вале, голем поклон, браво за твојот ентузијазам, за твоите прекрасни рецепти! Знаеш дека сите ти ги обожавам и голем дел ги имам пробано, зошто знам дека кај тебе нема грешка и се е до грамче точно! ?
Продолжи со исто темпо до 2000ка!
Голем поздрав! ??
Само тебе може да ти текнат преубави рецепти со состојки кој некој не знае ни дека постојат.
Та состав на тортата, та вкус, та изглед, та пресек ... немам речи ...
Среќен јубилеј, илјадарчево да го дуплираш, поздрав и се најдобро!
Фала ти Иренке на убавите честитки! Да сме здрави и живи сите и само радостии да си споделуваме! :)
мача мислев дека нема кај нас, а толку привлечни рецепти сум складирала до пред некоја година заради бојата пред се, ама верувам дека и вкус добар има. па чувај парче од тоа зеленото аму да пробаме хахаха
Честитки за твоите 1000 рецепти.
Се дружиме понатаму очекувајќи ги твоите идни преубави рецепти.
кога најпрво ја видовме оваа твоја јубилејна торта, помисливме дека е жива и посна храна, во твој стил :) Но, ова е вистински раскош кој секој би го подготвил.
Совршеноста во твоите рецепти секогаш не`изненадува одново и одново. Како и кај другите најактивни членки, и кај тебе речиси во 99% од случаите може да погодиме дека рецептот е твој, само според фотографијата. Ни се допаѓа што го имате тој белег на уникатност, и покрај дури 1000 подготвени рецепти.
Иако кај тебе овој би требало да е веќе 1017 рецепт, па од него натаму ќе броиме од таа бројка.
Ти благодариме за твоите 1000 фантастични рецепти и ти го подаруваме најновиот револуционерен производ од Делимано Мултифреш - вакум блендер и протектор на хранливи состојки. Честитки!
Се радуваме на твоето присуство тука, твоите рецепти и заедничката дружба,
Тимот на МоиРецепти
Ова е нова генерација 5 во 1 апарат. Покрај опцијата за блендирање, има опција и за вакумско блендирање. Најпрво го извлекува воздухот, па потоа со автоматски циклус на блендирање ги обработува состојките, притоа зачувувајќи ги витамините и минералите. На крајот, автоматски се исклучува. Шејкот подготвен на овој начин се затвора со обичен капак и се чува во фрижидер и до 48 часа. Подготвен одвечер, ако се пие наредното утро има дури и повеќе витамини од свежо подготвен шејк во невакумски блендер.
Делимано Мултифреш функционира и како апарат за мелење и апарат за вакумирање, но функцијата за која и ние бевме изненадени - е функцијата за подготовка на здрави супи и сосови, на температура од 70 степени. Има автоматски програм и за супи, кој трае околу 20 минути, Прво ги готви состојките и на крајот ги блендира. За тоа време вие може да ги подготвите другите оброци и да имате комплетен здрав ручек. Побрзо и мнооогу поздраво и од супа од ќесичка - а и рацете ви се слободни.
Дополнително, може да се набави додаток Мултипрактик, па да се зголеми бројот на неговите функции.
Тортата ја подготвував со голема љубов и навистина е нешто што до сега ниту јас го немав пробано.
Е сега да се заблагодарам и за наградата!!!! Ви благодарам МР за прекрасниот апарат кој едвај чекам да го поставам во мојата кујна па и да зготвиме нешто со него...:):):)! Делимано е мојот омилен и најкористен бренд во кујната :)
Поздрав до целиот тим и дружбата продолжува !
п.с. ова е 1027 рецепт според моите пресметки.
Многу ни е драго што се поклопиле поводите за славење.