Бисквитна мозаик торта (јубилеен 1.000 репцепт) (без печење)
Навидум едноставна торта по состојки, но за добар редослед и совршени парчиња си бара малку повеќе внимание со редењето. На крај, резултатот е превкусотија :))
Тортата е една од роденденските, иако како и секогаш планирав да е нешто солено за јубилеј, сепак со ситуацијава сега одиме вака. Соленото повторно ќе го должам или можеби ќе влета нељубилејно како и многу рецепти кои ги поставуваме, а не мора да чекаме да се одбележува било што.
Мене лично тортата ми е многу драга, вкусна и фин предизвик да се нареди добро. Дури и некое време љубоморно си ја чував во мојата архива, па ете, сега и дојде денот за презентирање.
Потребен е калап на отворање со димензија 26см. Доколку немате таков користете обичен, но претходно обложете го со стреч фолија која ќе виси од страниците за да можите да ја извлечите целата торта на чинија. По желба калапот можи да го обложите на дното со пек хартија.
Се мати слатката павлака и се дели на два дела. Во едниот се става црниот, а во другиот белиот крем и повторно се мати до соединување.
Секоја бисквита се мака во млекото. Првиот ред се реди со бели бисквити и се премачкува со темниот фил. Вториот ред се редат црни бисквити и се премачкуваат со белиот фил и се така до центарот.
Внимавајте да ви бидат убаво исправени и наредени бисквитите за да се добие убав пресек.
Колку се стеснува кругот кон внатрешноста, ќе има потреба последните бисквити во редот да треба да ги кршите и на крај, во центарот, веќе се редат кршени на половина.
Така изфилованата торта оставете ја преку ноќ во фрижидер за убаво да се спои.
Потоа извадете ја од калапот и премачкајте ја со остатокот од филот. Јас остатокот веднаш по филовањето го премачкав одозгора, бидејќи решив страните да си останат како плочки со бисквитите.
Чоколадото се топи и во него се меша слатката павлака. Со глазурата се прелива тортата и се уксрасува по желба.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Interesna i ubavo podgotvena torta Ni pretstavi
Bravooo. Neka Se mnozat tvoite recepti tuka
Pozz
Ти честитам на јубилејот со желби да нема турбуленции и да тераш уште илјадарки. Тортава топ!
Позз ...
уживав кога ги редев на неа, нека ги има ;)
уживав кога ги редев на неа, нека ги има ;)
Da se mnozat prekrasnite recepti, 2, 3, 4,5 ....iljadarki
Torticevo tooop! :-)
Се шалам, нема овде вака-така, овде само со труд и љубов се стасува до оваа чудесна бројка ! Браво, секоја чест!
Тортичево за мерак, ептен штосно! А свеќитееее....јас мислам со вентилатор требало да ги дуваш :) а бе многу се или мене така ми се чини ? :):):)У ствари што се важни па они, важен е духот на младоста и брливоста шо не држи уште...хахахаххахаха...Дружбата продолжува!
се држам јуначки за ваквите свеќички, во еден здив ги манав хаха
држам уште капацитет хахаха, па за побројните ќе видиме ;)
витруелно се уште е дозволено хахаха
не само јубилејот, туку и фотографијата од овој твој извонреден рецепт со број 1000, ни буди некое прекрасно свечено чувство.
Ти си овде со нас долги години и секогаш успеваш да не` изненадиш со некоја креација, да не` расположиш со твојот ведар дух и да ги споделиш со нас твоите одлични рецепти и фотографии од нив.
Во иднина ти посакуваме најпрво здравје, љубов и уште долги години да те исполнува креативноста во готвењето... Па да ги споделиме и поводите кои доаѓаат заедно!
Ти благодариме за твоите 1000 рецепти и ти го подаруваме најновиот револуционерен апарат од Делимано... А што е тој, ќе дознаете многу наскоро. Честитки!
Искрено, со љубов,
тимот на Мои Рецепти
Тортата е правена и украсувана со многу љубов и мерак, комплетно од првата висквита до последната свеќичка. Ме радува што се долови она кое е блиско до моето чувство :)
Ви благодарам за убавите зборови, за се, и за наградата, што иако појма немаме се уште што е, не се сомневаме дека ќе е нешто прекрасно од аротиманот на вашиот, а и наш бренд :)
можеби до сега веќе претпостави, наградата е најновиот Делимано Мултифреш - Вакум блендер и протектор на хранливи состојки. Честитки!
Ова е нова генерација 5 во 1 апарат. Покрај опцијата за блендирање, има опција и за вакумско блендирање. Најпрво го извлекува воздухот, па потоа со автоматски циклус на блендирање ги обработува состојките, притоа зачувувајќи ги витамините и минералите. На крајот, автоматски се исклучува. Шејкот подготвен на овој начин се затвора со обичен капак и се чува во фрижидер и до 48 часа. Подготвен одвечер, ако се пие наредното утро има дури и повеќе витамини од свежо подготвен шејк во невакумски блендер.
Делимано Мултифреш функционира и како апарат за мелење и апарат за вакумирање, но функцијата за која и ние бевме изненадени - е функцијата за подготовка на здрави супи и сосови, на температура од 70 степени. Има автоматски програм и за супи, кој трае околу 20 минути, Прво ги готви состојките и на крајот ги блендира. За тоа време вие може да ги подготвите другите оброци и да имате комплетен здрав ручек. Побрзо и мнооогу поздраво и од супа од ќесичка - а и рацете ви се слободни.
Дополнително, може да се набави додаток Мултипрактик, па да се зголеми бројот на неговите функции.
Драга Бети, се надеваме дека овој производ ќе ти помогне во одржувањето на своето здравје и здравјето на твоето семејство во годините кои доаѓаат!
Тимот на МоиРецепти