
20
сеп
2019
Мозаик коцки (без печење)
Прво во еден сад ги ставаме мелените бисквити. Го додаваме стопениот маргарин, сокот од кајсии, мармаладот од кајсии, медот, оревите и сечените желе бомбони. Се' заедно мешаме и смесата ја истураме на пек-хартија и формираме колач со правоаголна форма со дебелина која вие ја сакате (јас го направив со дебелина од 2 сантиметри). Го ставаме во фрижидер.
За тоа време на пареа ја топиме чоколадата со 2 лажици зејтин. Со ова го преливаме колачот и одозгора насекаде ставаме 50 грама сечени желе бомбони. Го ставаме колачот во фрижидер и за 1 час веќе можете да се сладите со него.