Мафини со боровинки со прелив од путер и цимет
Загрејте ја рерната на 190 Ц.
Во отворите на калапот за мафини ставете хартиени кошнички.
Во еден сад измешајте ги брашното, двете врсти шеќер, солта и прашокот за пециво. Во мал сад разматете ги млекото со јајцето и маслото и додајте ги во сувите состојки. Измешајте со жица, сосема лесно, само да се навлажни смесата, додајте ги боровинките и промешајте. Долгото мешање на смесата за мафини ќе ги направи густи по структура. За ровки мафини, мешајте што е можно помалку.
Распоредете ја смесата во калапчината, полнејки ги скоро до горе.
За посипот измешајте ги во мал сад брашното, шеќерот и циметот. Со прсти втријте го ладниот путер, па ронливата смеса распоредете ја врз мафините.
Печете ги 20 - 25 мин. или додека не добијат убава боја, а површината не стане еластична на допир.
Лиценца: Сите права се задржани
Mafinite se mnogu vkusni, sin mi veli samo mafini so borovinki bile vistinski mafini :)))
Slikata i jas si ja bendisav :)
Kalapot za mafini e od Ikea http://www.ikea.gr/DefaultM.aspx?page=productview&iID=2779. Za nego se soodvetni i malku poinakvi kosnicki http://www.ikea.gr/DefaultM.aspx?page=productview&iID=83348. Ete, ako vi pomognav...
Kolicinata na sostojki vo receptot e tocno za da se napolni ovoj kalap.
ЖЕНКА ќе ме умреш!!!
ама фала за финтицата со малку матење ;)
за фотографијава не сакам ни да зборам, заљубиХ се :) :) :) :)
Честитки!
Честитки! :)
A pik-ov samo za vo spisanie.
Von rabotno vreme organiziram kursevi za slikanje hrana. Ne naplakam ! :)))))))
Фала и за инфото за Икеа :)