17
ное
2015
Цимет палачинки со прелив од јаболка и мед
Многу сочни, меки, ароматични палачинки кои многу брзо се приготвуваат и се одлични за појадок.
Прво се спрема преливот.
Се лупат јаболката и се сечкаат на ситни коцки, се ставаат во сад на оган заедно со путерот, кафеавиот шеќер, медот да вријат 3-6 мин додека не омекнат малку јаболката.
Јајцето се мати со млекото, шеќерот, солта, циметот, стопениот и изладен путер и на крај се додава брашното и пецивото и се меша со маталка додека не се добие хомогена смеса. На тавче за палачинки се прават палачинките. 4-5 палачинки се ставаат една врз друга и врз нив се става од преливот од јаболка. Одозгора се украсува со ореви.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови