Подготовка:

1. Во вангличка ги ставаме јајцата, шеќерот, ванилата и солта. Со жица кратко ги матиме. Потоа додаваме растопен путер, цимет, рендани јаболка, млеко, брашно и пециво. Убаво ја изедначуваме цела смеса.
2. Загреваме тава на умерен оган. Користев тава на делимано, нелеплива и не ставав масло. Инаку може да се става по 2,3 капки масло кога се пржат палачинките. Земаме од смесата со лажица и ја ставаме во тавата. Пржиме отприлика 2 минути, односно додека не се појават меурчиња на површината.
Внимателно со помош на 2 вилушки ги превртуваме. Ги пржиме и од другата страна.
3. Ги сервираме, нежно наросуваме шеќер во прав и ги послужуваме. Јас ги јадев со мармалад од шипки.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани