Кекс со јаболка, цимет и мармалад
Едноставен кекс со малку погусто тесто од вообичаеното, чии состојки ме потсетуваат на баба ми, циметот-зачин од многуте вкусни сладурии кои знаеше да ги направи баба, вкусните штрудли од јаболка и тиква со кои и удоволуваше на внуката благоман... од вакви едноставни кексови и нејзиното прочуено пелте, па се до најзините врвни и професионални тулумби. Кексов го правев за In memoriam на мојата баба, а го посветувам на сите баби и нивните внуки.
Јајцата и шеќерот се матат додека шеќерот не се растопи. Потоа се додава 1 по 1 филџанче масло, мармаладот и на крај рачно се вмешуваат ренданите јаболка, брашното, циметот и содата. Смесата е доволна да се печи во сад со димензии на Ростерот, предходно малку премачкан со масло. Печете на 190-200 степени 20на мин., индивидуално спрема вашата рерна.
Јас ставив мармалад од праски (приготвен по рецепт на Албетина) за да ми остани светол по боја, но можи да се стави било кој мармалад по желба.
Користен филџан од 85 мл.
Лиценца: Сите права се задржани
Neznam kako da ti se zablagodaram za receptot,vakov keks odamna nemam probano.Znaci keksot go proglasuvam kral na site keksovi,najozbilno!Prekrasen!Se iznacudiv kako od takva gusta smesa tolku mek i vosdusest keks ispadna.Znaci ubavini!
Ти благодарам за довербата и убавиот коментар, особено за спонтаната насмевка која ми ја изнуди :*