25
фев
2015
Лимон мафини со полнеж од слатко
Изматете ги јајцата со шеќерите. Редоследно и постепено додавајте ги наведените состојки, при што за брашното и пецивото брзината на миксерот се намалува.
Ставете хартиени корпиња во калапите за мафини. Во секое истурете по една лажица од спремената смеса. Во средината ставете го овошјето од слатко. Во овој случај кај мене е слатко од смокви, но и слатко од јаготки одлично се вклопува. Врз слаткото нанесете по уште една лажица од смесата и малку замазнете.
Печете во загреана рерна од 180С, 20-25 минути.
Кога ќе подоладат, поросете ги со шеќер во прав или украсете спрема пригодата по желба.
Лиценца: Сите права се задржани
Албетина, сигурна сум дека со тоа слатко ќе бидат одлични.
Вале, си имаме најзакон корпиња за мафини ;)